Гробот на Александар е во Македонија, што најдовме во Овче Поле!?

РЕЗУЛТАТИТЕ ДО КРАЈОТ НА ИДНИОТ МЕСЕЦ
Гробот на Александар е во Македонија, што најдовме во Овче Поле!?

Една од можностите е дека во утробата на ридот кај селото Црнилиште се наоѓа гробницата на Големата Мајка, а друга дека е таму бил закопан врховниот бог на Македонците, богот на сонцето Ѕе.

Ексклузивна фотографија на Вечер од геоглифот

Гробот на Александар Македонски се наоѓа во Македонија но, не е под геоглифот во Овче Поле, кај селото Црнилиште. Таму, се крие голем сакрален објект, комплекс со гробница со површина најмалку двапати поголема од она што се гледа. Сепак, за што конкретно се работи, ќе биде обзнането кон крајот на септември. Ова за Вечер го изјави професорот Аристотел Тентов, кој во март годинава заедно со истражувачки тим составен од врвни светски научници, со софистицирана опрема, без копање истражуваа на геоглифот. Тентов ни потврди дека во моментов се уште работи на извештајот, се анализираат и се споредуваат резултатите од мерењата, па откако ќе бидат сублимирани ќе бидат претставени пред македонската јавност.

- Не би сакал однапред да зборувам за досега добиените податоци, особено поради договорот со моите колеги да не излегуваме со поединечни изјави. Се работи за доволно сериозно истражување кое треба да биде сериозно третирано, бидејќи има моменти од резултатите кои се на граница со сознанијата на тековната наука. Тоа значи дека наидовме на сегменти кои се новина во научната јавност, сегменти со кои научниците досега не се занимавале или пак не сакаат да се занимаваат, изјави за Вечер професорот Аристотел Тентов. Тој е свесен за големиот интерес на јавноста за истражувањата на геоглифот, особено по хипотезата дека таму се наоѓа гробницата на Александар Македонски но, што точно ќе биде обелоденето по неколку недели не сака да открие.
проф. Аристотел Тентов

- Истражувањето беше бомбастично најавено од медиумите и ја заинтригира цела јавност, па ние се обидуваме топката малку да ја смириме. Иако не кријам дека самиот настан по своето значење е бомбастичен, бидејќи сите ние што бевме дел од истражувачкиот тимот сме вчудоневидени од добиените сознанија дека под геоглифот се крие комплекс чија површина е за двапати, па дури и за три пати поголема од она што се гледа, вели професорот Тентов чија хипотеза уште пред почетокот на испитувањето беше дека под геоглифот се крие гробница на некој владетел, на личност, која е уште позначајна од големиот македонски војсководец. Тоа уште еднаш ни го потврди во неофицијалниот разговор со него. Вели дека една од можностите е дека под ридот се наоѓа гробицата на Големата Мајка а друга дека е таму бил закопан на Врховниот Бог на Македонците, Богот на сонцето Ѕе. Тоа, според него го покажува и кодификацијата на самиот симбол на геоглифот кој, според него, содржи букви од демотското, односно древномакедонското писмо кое испишано и на Каменот на Розета што датира од 196 година пред Христа.

Од истражувањето во март, годинава
- Она што во овој момент е сигурно е тоа дека гробот на Александар Македонски не е под геоглифот, но тоа не значи дека се наоѓа кај нашиот јужен сосед, како што неодамна обзнанија. Не мислам дека тие ја имаат таа привилегија, дека се толку среќлии, иако истражувањата покажаа дека и таму се работи за објект со грандиозни димензии. Моите сознанија покажуваат дека гробот на Александар Македонски се наоѓа овде, во Македонија, но на сосема друга локација - додава Тентов.

Дека под ридот во Црнилиште се крие грандиозна сакрална градба изградена од човек ни потврди и градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев. Тој уште ни откри дека во моментов се прават и математички пресметки каде точно се наоѓа влезот во подземниот комплекс, бидејќи по археоакустичните мерења ќе мора да се пристапи и кон класични археолошки ископувања.
Зоран Тасев, градоначалник на Општина Свети Николе

- Ние сме во постојан контакт со сите експерти кои беа вклучени во истражувањето и со нетрпение ги очекуваме резултатите, кои првично укажуваат на значајна градба, комплекс од гробници, а точното лоцирање на влезот ќе ни помогне при копањето да не се направи какво било деградирање или оштетување на објектите. Всушност, археолошките истражувања треба да ги потврдат сознанијата од археоакустичното истражување - вели градоначалникот Тасев.

Археоакустичното и електромагнетно истражување кое се вршеше во март годинава беше под покровителство на Општина Свети Николе и Министерството за култура. Беа вклучени домашни и меѓународни експерти кои со софистицирана опрема ги мереа вибрациите и фреквенциите од утробата на таинствениот рид кај Црнилиште.
Loading...

Keine Kommentare